Intel понуди Windows 8.1 компјутер во USB стикче

Објавено на 08.01.2015 во Новости



Intel понуди Windows 8.1 компјутер во USB стикче

Intel има прилично интересен иновативен производ кој ќе може било кој HDMI монитор или дисплеј да го претвори во целосно функционален декстоп компјутер благодарение на Intel Compute Stick кој доаѓа со инсталиран Windows 8.1 оперативен систем и Bing интернет пребарувач.
 
 
Стикчето на Intel располага со четири-јадрен процесор, 2 GB RAM, 32 GB меморија, USB 2.0 port, Wi-Fi b/g/n конекција и Bluetooth 4.0. Откако ќе го поврзете Intel Compute Stick со HDMI приклучок ќе добиете работна површина за десктоп и интернет апликации без никакви проблеми. 
 
 
Цената на Intel Compute Stick со Windows 8.1 ќе изнесува 150 долари и е интересен начин за работа на компјутер во модерното дигитално време со пристап до интернет и квалитетен софтвер на било кое место.
Автор: Aleksandar Stankov