Samsung го прикажа најтенкиот досега Galaxy A7

Објавено на 08.01.2015 во Новости



Samsung го прикажа најтенкиот досега Galaxy A7

По долго очекување Samsung Mobile ја комплетираше најавената A серија на смартфони со најдобриот смартфон во ова друштво Galaxy A7 кој е супер тенок со само 6.3 милиметри и има најголем 5.5 инчен Full HD дисплеј. 
 
 
Samsung Galaxy A7 е прекрасен смартфон изработен од метални елементи на маската со што ќе се замолчат критичарите дека Samsung постојано користи пластика. Смартфонот има неколку адути како 64 битниот Qualcomm Snapdragon 615 процесор од 1.5 GHz, 12 мегапикселна камера и батерија од 2600 mAh.
 
 
Samsung Galaxy A7 своето деби го имаше во Малезија, а од наредниот месец се очекува да започне неговиот глобален пласман по цена од околу 350 евра.