Премиер лигата ги забрани селфи дршките на стадионите

Објавено на 09.01.2015 во Новости



Премиер лигата ги забрани селфи дршките на стадионите

Фудбалските клубови Арсенал и Тотенхем решија да донесат одлука за забрана за внес за дршки за правење на селфи фотки на стадионите откако повеќе фанови се пожалиле дека може да бидат искористени како оружје и да предизвикаат инцидент на натпреварите.
 
 
За време на Божиќната сезона во Велика Британија селфи дршките беа најпопуларен подарок и голем број на фудбалски фанови ги користеа за правење на забавни фотки при прослава на голови, но Премиер лигата има строги правила на однесување и дисциплина, па ваквата забрана и не е големо изненадување.