Alcatel Pop 10 - Најевтиниот хибриден таблет/лаптоп

Објавено на 11.01.2015 во Новости



Alcatel Pop 10 - Најевтиниот хибриден таблет/лаптоп

Alcatel претстави прилично солиден таблет во основната класа кој може да се трансформира во лаптоп со дополнителен мобилен док на кој се закачува физичка QWERTY тастатура со целосни функции и тракпад. Таблетот има 9.6 инчен дисплеј со пристојно ниво на резолуција од 800 х 1280 пиксели.
 
 
Alcatel Pop 10 работи на новиот 64 битен Qualcomm Snapdragon 410 процесор со четири Cortex-A53 јадра од 1.3 GHz, Adreno 306 графичка, 1 GB RAM, 8 GB меморија, microSD картичка за надополнување до 32 GB, 4G LTE конекција, 5 мегапикселна главна и 2 мегапикселна предна камера, како и батерија со капацитет од 4600 mAh.
 
 
Таблетот на Alcatel ја користи најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0.1 Lollipop што ветува одлични перформанси, неговите дизмензии изнесуваат 245.2 x 146.4 x 7.9 mm што го прават прилично компактен и тежи 380 g. Цената на Alcatel Pop 10 ќе изнесува околу 250 евра, па наскоро го очекуваме во продажба.