Meizu со уште еден екстра евтин смартфон

Објавено на 13.01.2015 во Новости



Meizu со уште еден екстра евтин смартфон

Meizu е еден од омилените брендови од Кина, особено по пласманот на Meizu M1 Note кој за 160 долари нуди неверојатен сетап на компоненти, но не планира да застане тука бидејќи кон крајот на месецот ќе одржи уште една промоција. 
 
 
Овој пат најверојатно ќе биде претставен мини моделот на Meizu M1 Note исто така без компромиси во хардверот, освен со помал 5 инчен дисплеј, а би требало да има и намалување на цената со што би станал уште поисплатлив. 
 
 
За илустрација Meizu M1 Note располага со 5.5 инчен Full HD дисплеј, работи на 64 битен Mediatek процесор со осум јадра од 1.7 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3150 mAh.