GTA 5 за PC одложена за март - Еве кој ќе може да ја игра

Објавено на 14.01.2015 во Игри



GTA 5 за PC одложена за март - Еве кој ќе може да ја игра

Екстра популарната GTA 5 подолго време ги забавува гејмерите кои имаат PlayStation 4 и Xbox One, но се уште се чека на верзијата намената за PC која сега е одложена за 24 март. Пласманот е се поблиску, па затоа откриена е и листата на хардверски спецификации кои ќе бидат потребни за инсталирање на GTA 5.
 
 
Минималните спецификации кои треба да ги исполнува вашиот компјутер се четири-јадрен процесор од 2.5 GHz, како на пример чипсетите Intel Core 2 Quad CPU Q6600 или AMD Phenom 9850, 4 GB RAM, 65 GB слободен простор на хард дискот, звучна карта компатибилна со DirectX 10, графичка карта со 1 GB како NVIDIA 9800 GT или AMD HD 4870, додека оперативниот систем треба да биде 64 битен почнувајќи од Windows Vista па се до Windows 8.1.
 
 
Препорачаните спецификации за непречено играње на GTA 5 се четири или осум јадрен процесор со 3.5 GHz, како Intel Core i5 3470 или AMD X8 FX-8350, 8 GB RAM, 65 GB простор, графичка карта од 2 GB како NVIDIA GTX 660 или AMD HD7870, DirectX 10 и исто така 64 битен оперативен систем.