Microsoft ги најави евтините Lumia 532 и Lumia 435

Објавено на 15.01.2015 во Новости



Microsoft ги најави евтините Lumia 532 и Lumia 435

Microsoft ги промовираше Lumia 532 и Lumia 435, два нови смартфони од основната понуда како дел од Windows Phone 8.1 платформата со цени од 100 и 70 евра, што е прилично евтино и прифатливо за купувачите со ограничен буџет.
 
 
Цената е можеби примамлива, но тоа што нас ни недостасува е некој новитет во основната класа кој веќе ги краси евтините смартфони на Huawei, Xiaomi, Asus и Oppo. За жал Microsoft ќе мора да ги убеди корисниците дека вреди да се купи Lumia 532 со веќе застарен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 200 процесор и Lumia 435 со истиот модел на процесор но, со две јадра, потоа 1 GB RAM, 8 GB меморија, 5 мегапикселна камера, VGA предна камера, како и батерија од 1560 mAh.
 
 
Lumia 532 и Lumia 435 имаат скромен 4 инчен дисплеј со резолуција од 480 х 800 пиксели, 3G конекција, како и посебни верзии кои работат со две SIM картички.