Xiaomi со два нови Mi Note моќници

Објавено на 15.01.2015 во Новости



Xiaomi со два нови Mi Note моќници

Xiaomi на далечниот исток ги претстави двата нови фаблети Mi Note и Mi Note Pro кои импресионираат со екстра компактниот дизајн каде предната површина е целосна искористена и речиси да нема никаква рамка околу рабовите на екранот кои имаат и мала заобленост.
 
 
Првиот фаблет Mi Note доаѓа со 5.7 инчен Full HD дисплеј изработен од Japan Display, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 805 процесор, 3 GB RAM, 64 GB меморија, 13 мегапикселна Sony камера, 4 ultrapixel предна камера од HTC, 4G LTE конекција со две SIM картички, батерија од 3000 mAh, Hi-Fi аудио и има тенко тело од 6.9 милиметри изработена од метални компоненти.
 
 
Pro верзијата на Mi Note е уште поквалитетна со 5.7 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, работи на најмоќниот осум-јадрен 64 битен процесор Qualcomm Snapdragon 810, Adreno 440 графичка, неверојатни 4 GB RAM, 64 GB меморија, 13 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3100 mAh, додека пак софтверот е базиран на MIUI 6 интерфејсот. 
 
 
Фаблетите Xiaomi Mi Note и Mi Note Pro ќе бидат најпрво лансирани во Кина по цена која ќе се движи од 400 до 550 долари, а корисниците ширум светот ќе може да ги купат преку интернет со оглед на тоа што Xiaomi се уште нема постигнато договори за продажба со европските и американските мобилни оператори. 

За нашите читатели може да ветиме дека во наредниот период ќе ја зголемиме понудата на мобилни телефони во нашата е-продавница и ќе ве известиме кога ќе пристигнат Xiaomi Mi Note и Mi Note Pro.
Автор: Aleksandar Stankov