Совет за заштеда на струја при полнење на смартфон

Објавено на 19.01.2015 во Туториали



Совет за заштеда на струја при полнење на смартфон

Многумина корисници своите смартфони го полнат навечер и ги вклучуваат пред да легнат на спиење, за наутро уредот да има полна батерија и да биде подготвен за дневните обврски. Оваа постапка е ефикасна, но треба да знаете дека смартфонот и со наполнета батерија се уште троши околу 40 проценти струја од количната која му е потребна за полнење, што може значително да ја зголеми вашата сметка за електрична енергија, бидејќи останува вклучен уште неколку часа.
 
 
Во зависност од моделот на полначот, неговата моќност и електричен провод низ подолг временски период може да потрошите многу киловати, па затоа подобро е да го наполните смартфонот неколку часа пред да заспиете. Исто така откако ќе го наполните уредот извадете го полначот од штеќер бидејќи и тогаш троши струја.
 
 
Во претходните статии наведовме и повеќе совети како да ја сочувате батеријата на смартфонот, меѓу кои и советот да не ја полнете секогаш од нула до сто проценти, туку оптимално може да ја користите и со 70 или 80 проценти од капацитетот, па потоа повторно да ја дополните батеријата.