PowerLite е екстра гаџет со блиц, батерија и локатор

Објавено на 19.01.2015 во Додатоци



PowerLite е екстра гаџет со блиц, батерија и локатор

PowerLite е ултимативниот гаџет за секој мобилен телефон бидејќи нуди три во едно, а тоа е блиц за камерата, како и копче за далечинско правење на слики, потоа преносна батерија и локатор за пронаоѓање на смартфонот кога не може да го најдете.
 
 
Со PowerLite добивате блиц за камерата со јачина од 14 LED светла, додека пак преносната батерија има капацитет од 800 mAh што е доволно за полнење на околу 30 проценти и може да ви се најде во итни ситуации.
 
 
PowerLite е проект во завршна фаза кој бара финансика подршка преку KickStarter платформата и заинтересираните купувачи може да вложат 29 долари за додатокот кој откако ќе влезе во производство ќе има повисока цена. PowerLite е компатибилен со iPhone и има сертификат од Apple, а се поврзува преку microUSB и со било кој Android уред.