Запознавање со LG G Flex 2 - Најмоќниот смартфон на планетата

Објавено на 21.01.2015 во Новости



Запознавање со LG G Flex 2 - Најмоќниот смартфон на планетата

LG G Flex 2 е убедливо еден од најмоќните смартфони на планетата со супер сетап на компоненти и уникатен дизајн кој го сместуваат на врвот на премиум класата. LG G Flex 2 има повеќе адути кои го издвојуваат од конкуренцијата и останатите брендови ќе треба што побрзо да одговорат.
 
LG-G-Flex-2
 
Најпрепознатлива карактеристика на LG G Flex 2 е флексибилниот дизајн и тело кое може да издржи одреден степен на виткање, како и одличната прекривка на задната страна која самата се „лекува“ односно за неколку секунди сите гребнатинки исчезнуваат.
 
Официјално LG G Flex 2 - Иновацијата продолжува
 
Во внатрешноста на прекрасното тело е сместен најмоќниот осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор од 2.7 GHz, потоа Adreno 440 графичка, 3 GB RAM, 32 GB меморија, слот за microSD картичка, како и батерија со капацитет од 3000 mAh.
 
 
LG G Flex 2 исто така може да се пофали со 5.5 инчен Quad HD со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, а со самата заобленост во хоризонтална положба се добива поголем степен на видливост. Совршениот смартфон е заокржен и со најновата верзија на Android 5.0 Lollipop и одличната синхронизација со Optimus интерфејсот.
Автор: Aleksandar Stankov