Oppo U3 е нов змеј од Кина

Објавено на 22.01.2015 во Новости



Oppo U3 е нов змеј од Кина

Oppo U3 доби своја официјална промоција и стана новиот кинески змеј со големина на дисплејот од 5.9 инчи. Oppo U3 е замислен како уред кој ќе може да се користи и како таблет, а нуди солидни перформанси во софтверскиот и хардверскиот сегмент. 
 
 
Oppo U3 работи на 64 bit Mediatek 6752 процесор со осум-јадра од 1.7 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија која може да се надополни преку microSD картичка, како и супер батерија со капацитет од 3000 mAh. За софтверот е искористена верзијата на Android 4.4 KitKat надополнета со Colors OS интерфејсот.
 
 
Единствено разочарување кај Oppo U3 е што не се остварија шпекулациите дека камерата ќе им 4Х оптички зум, но тоа е компезирано со квалитетен сензор со 13 мегапиксели и повеќе додатоци на Sony. Предната камера има 5 мегапиксели што е совршено за селфи фотки и видео повици. Цената и датумот на пуштање во продажба на Oppo U3 се уште не се познати, но очекуваме дека ќе чини околу 450 долари.