iPhone со popSlate маската се претвора во Yota Phone

Објавено на 22.01.2015 во Додатоци



iPhone со popSlate маската се претвора во Yota Phone

Заштините маски за iPhone ги има во различни форми и големини, но popSlate е уникатен додаток, кој освен што го штити вашиот смартфон, нуди и дополнителен e-ink дисплеј на задната страна слично како рускиот Yota Phone кој има два екрана.
 
 
popSlate има Bluetooth чип со двоен модул и на тој начин може да прикажува повеќе корисни информации од апликациите кои ги користите, како на пример приказ на календарот, мапите, потсетници и слики.
 
 
Предноста на popSlate маската е што e-ink дисплејот не троши многу енергија и на тој начин може да ја заштедите батеријата на смартфонот кога ви е потребна. popSlate маската може да се купи за 129 долари.