WhatSIM е картичка за WhatsApp за меѓународна употреба

Објавено на 22.01.2015 во Новости



WhatSIM е картичка за WhatsApp за меѓународна употреба

WhatsApp е одлична апликација за допишување која има над 700 милиони корисници и без оглед што пораките се бесплатни потребна ви е интернет конекција. Тоа може да биде проблематично кога сте во странство поради скапиот роаминг, па како решение се појавува телфонската картичка WhatSIM која може да ја користите со одредена сума на кредит.
 
 
WhatSIM за 5 евра ви нуди кредит од 1000 поени со што ќе може да испраќате пораки во било кој дел од светот без потреба од постојана интернет конекција, како и да испраќате 50 слики и 10 видеа или друг вид на мултимедијална содржина.
 
 
WhatSIM е изработена од Zeromobile од Италија и се продава по цена од 10 евра, а потоа може да ја надополните со кредит во зависност од вашите потреби. WhatSIM може да се порача онлајн преку сајтот на Zeromobile, а најавено е присуство во над 100 земји преку различни партнери.
Автор: Aleksandar Stankov