Minix Neo - Џебен компјутер со Android и Windows
Објавено на 25.01.2015 во Новости
Minix го претстави преносниот компјутер Minix Neo Z64 Mini PC кој доаѓа со два оперативни системи Windows 8.1 и Android 4.4 KitKat со што може да одберете со кои апликации ќе работите. Секако, Android системот е пред се наменет за мобилните уреди, но тоа не е пречка за користење на интернет сервиси, како и на мултимедијални содржини и игри.
Minix Neo Z64 Mini PC служи како базна станица со повеќе мултимедијални конекциски влезови, како HDMI, два влеза за USB, аудио и видео конектори и влез за SD картичка. Minix Neo Z64 Mini PC може да се поврзе со монитор или телевизор, како и со периферни единици за контрола.
Тоа што го издвојува Minix Neo Z64 Mini PC е и квалитетниот хардвер составен од 64 битен Intel Z3735F процесор од 1.8 GHz, 2GB DDR3L RAM, 32 GB eMMC меморија, Wi-Fi и Bluetooth 4.0. Minix Neo Z64 Mini PC ќе се продава по цена од околу 150 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.