Xiaomi лансира голем напад врз Apple

Објавено на 26.01.2015 во Новости



Xiaomi лансира голем напад врз Apple

Xiaomi подготвува агресивна маркетинг кампања со која ќе го нападне Apple, но освен со реклами со потсмевање и директна споредба на смартфоните, ќе се оди и на освојување на корисниците преку специјална апликација за iOs како и програма со замена старо за ново.
 
 
Xiaomi најпрво ќе пласира апликација за iOs со која корисниците на iPhone полесно ќе го направат трансферот со Mi телефон, односно ќе ги пренесат контактите и сите важни податоци. Исто така Xiaomi во новите фаблети Mi Note постави и влезови за nanoSIM картички со цел корисниците да продолжат со нивните телефонски картички во ново купениот смартфон.
 
 
Како врв на кампањата на Xiaomi ќе биде и програмата за размена на старо за ново, со тоа што за користен iPhone 5s ќе може да добиете нов Xiaomi Mi Note, додека пак за iPhone 6 и iPhone 6 Plus корисниците ќе го добијат супер моќниот Xiaomi Mi Note Pro.
 




Прочитајте повеќе: