Симнете ја првата верзија на Windows 10

Објавено на 27.01.2015 во Новости



Симнете ја првата верзија на Windows 10

Microsoft ја пушти првата посериозна пробна верзија на новиот оперативен систем Windows 10 која може да ја инсталираат сите корисници кои се регистрирани како партнери во програмата и пред се е наменета за софтвер ентузијасти. 
 
 
Иако не е целосната и конечна верзија ќе биде интересно да се тестира бидејќи сега се вклучени речиси сите очекувани новитети како вратеното Start копче и мени кои сега има поголем приказ на содржините со LiveTies иконите, потоа првата верзија на Spartan интернет прелистувачот, вградувањето на гласовниот асистент Cortana, како и многу други промени во интерфејсот.
 
 
На заинтересираните корисници на располагање им е 34 и 64 битна верзија на Windows 10 и компатибилноста не би требало да биде никаков проблем за поновите и помоќни конфигурации. Конечната верзија на Windows 10 ќе биде готова на почетокот на есента.
Автор: Aleksandar Stankov