Совет: Користете ги Google Maps и без интернет

Објавено на 27.01.2015 во Туториали



Совет: Користете ги Google Maps и без интернет

Google Maps е одличен сервис за навигација во сообраќајот и истражување на области, но има една главна пречка, а тоа е потребата од постојана интернет конекција што може да биде проблематично кога патувате или пак сте во странство. За да не трошите премногу пари на интернет може да креирате и офлајн мапи кои подоцна ќе може да ги прегледате со таа разлика што ќе има ограничена содржина и нема да може да зумирате.
 
 
Пред да отпатувате некаде направете копија од мапата на областа со командата OK Maps при што ќе ви се појави опција за сочувување. Потоа локацијата ќе ја најдете во менито My Places и зачуваните мапи може да ги правите на површина од 50 х 50 километри квадратни, а на вашиот уред ќе стојат 30 дена, по што ако сакате повторно да ги користите ќе треба да ги обновите.
 
 
Оваа функција преку командата OK Maps важи за користење на мобилната верзија на Google Maps за Android и iOs. Доколку оваа процедура ви се чини како комплицирана, наш совет е да направите скриншот од посакуваната локација со сите потребни детали, а потоа мапите ќе може да ги прегледате во галеријата без интернет конекција, но како што кажавме единствено ќе ви недостасува навигација и останатите онлајн услуги на Google Maps.