Позната причината за падот на Facebook - Апокалипсата избегната

Објавено на 27.01.2015 во Новости



Позната причината за падот на Facebook - Апокалипсата избегната

Корисниците во САД и Азија изминатиот ден го поминаа со тешки маки бидејќи најпопуларните социјални мрежи Facebook и Instagram не функционираа. Ваквото „мистериозно“ гасење ги вознемири корисниците и веднаш сите помислија дека станува збор за организиран напад од хакерската група Lizzard Squad. Сепак, треба страстите да се смират полека и да се види вистинската причина.
 
 
Според одделот за односи со јавност на Facebook не станува збор за никаков хакерски напад, туку за рутинско одржување на серверите по што дошло до застој од околу еден час, но доволно време да се рашири паниката. Исто така во застој биле и повеќе апликации како Tinder, за чие користење најверојатно е потребно логирање преку Facebook.
 
 
Од падот на Facebook и Instagram наместо хакерите најголем бенефит имаше Twitter каде се пренасочи голем дел од интернет сообраќајот, а главни трендови беа #Facebookdown, #ThingsIDidWhenFacebookWasDown и #RIPFacebook.