Мобидонија ќе ве направи махер за апликации

Објавено на 27.01.2015 во Македонски апликации



Мобидонија ќе ве направи махер за апликации

Мобидонија е одличен креатор на апликациии со македонско потекло но, сервисот може да го користи секој без оглед за кој пазар и на кој јазик планира да ја преточи својата идеја во мобилна апликација.
 
 
Со Мобидонија  може да креирате апликации за Android, iPhone и iPad без големо искуство со кодирање, бидејќи на располагање имате готови теми и шаблони, па треба само да ја покажете вашата креативност и да создадете привлечен и корисен сервис за смартфон или таблет.
 
 
Основните пакети на Мобидонија се бесплатни и низ првите чекори во креирањето на апликациите ќе добивате и совети и стручна помош. Поамбициозните може да користат и претплатнички пакети кои нудат поголем број на опции, а исто така може да ја пробате и Reseller програмата за поголеми можности за заработка и креирање профит. 
 
 
Мобидонија е интересен концепт кој може да им помогне и на сите програмери почетници, како и на софтвер ентузијасти со креативни идеи.