Пуштен iOs 8.1.3 - Овој пат Apple се потрудил

Објавено на 28.01.2015 во Новости



Пуштен iOs 8.1.3 - Овој пат Apple се потрудил

Претходните надградби на оперативниот систем iOs 8 не ги задоволуваа корисниците бидејќи не ги решија главните проблеми и недостатоци на софтверот, што резултираше со мал број на уреди кои работат на iOs 8, па затоа Apple овој пат повеќе се потрудил и новата надградба нуди повеќе решенија и новитети.
 
 
Една од главните промени е што за инсталација на iOs 8.1.3 нема да ви биде потребен слободен простор на меморијата од неколку гигабајти туку директно преку Settings може да ја инсталирате надградбата и со меморија под 1 GB 
 
 
Во листата на новитети се наведени „поправки“ на претходно проблематичните логирања со Apple ID за користење на Messages и FaceTime, потоа одреден недостатоци во мултитаскинг задачите на iPad, како и одблокирање на работата на Spotlight при приказ на резултатите од пребарувањето.




Прочитајте повеќе: