Смарт часовникот на Apple ќе отчука во април

Објавено на 28.01.2015 во Новости



Смарт часовникот на Apple ќе отчука во април

Apple се наоѓа пред голем предизвик, а тоа е пласманот на сосема нов производ по подолго време преточен во смарт часовникот Apple Watch кој веќе беше претставен есента минатата година, но се уште доцни на пазарот. Тим Кук извршниот директор за да стави крај на шпекулациите за наводни проблеми со батеријата објави дека Apple Watch ќе биде испорачан во април.
 
 
Без оглед дали ќе задоцни или не Apple Watch ќе биде атрактивен смарт уред кој ќе може да го носите на вашата рака, а главните функции ќе бидат насочени кон фитнес активностите и добивање на известувања и информации поврзани со вашиот iPhone. 
 
 
Дизајнот можеби не воодушеви премногу на промоцијата, но Apple ќе надомести со поголем избор на форми и големини, различни материјали на изработка, како и понуда на метални, кожни и пластични ременчиња. 
 
 
Цената на освновиот модел на Apple Watch ќе изнесува околу 350 долари што е значително поскапо од било кој Android или Tizen смарт часовник, но Тим Кук проценува дека нивниот производ е супериорен и поквалитетен и секако ќе биде наменет за високата класа на купувачи.
Автор: Aleksandar Stankov