Google Now ќе ве информира, расположи и организира

Објавено на 02.02.2015 во Новости



Google Now ќе ве информира, расположи и организира

Паметниот асистент Google Now доби еден куп нови функции благодарение на соработката со околу 40 апликации од различни области, со што на корисниците ќе им се обезбеди многу квалитетна услуга и пласирање на информации, содржини и помош при организација.

Сега со Google Now на пример кога ќе барате одредена песна со соработката со Shazam веднаш ќе добиете точни резултати и линк до содржината. На располагање ќе ви бидат и информации при пребарување од The Guardian и The Economist како светски признати медиуми.

При пребарувањето на Google Now за одредени предмети и производи веднаш ќе добиете и линкови за шопинг од eBay, додека пак со Pandora ќе пронајдете линкови до радио станици кои ќе одговараат на вашето расположение.

Ова се само дел од новите функции на Google Now кој станува се поквалитетен за користење, а се работи и на нови информациски картички, совети за патување, временска прогноза, резервирање на билети и завршување на редовните задачи и настани преку интернет. 

Автор: Aleksandar Stankov