Amazon го активираше профи сервисот WorkMail

Објавено на 02.02.2015 во Новости



Amazon го активираше профи сервисот WorkMail

Amazon претстави нов професионален меил сервис WorkMail наменет за компании и организации кој ќе понуди безбедна комуникација со енккрипција на фајловите и локациите на кои се складирани и ќе се обиде да ги освои корисниците со пониските цени од директните конкуренти како Microsoft Exchange.

Со WorkMail ќе може да ја организирате комуникацијата во вашата фирма или организација со синхронизација на закажаните настани од календарот, потоа да ги користите контактите и групите од веќе постоечките меил клиенти како Outlook заедно со целосна функционалност со мобилните апликации.

WorkMail за почеток ќе биде бесплатен за користење во рок од 30 дена со прифили за 25 лица, а потоа ќе се наплаќа по 4 долари месечно.





Прочитајте повеќе: