Google ќе вози такси со самоуправувачките коли

Објавено на 04.02.2015 во Новости



Google ќе вози такси со самоуправувачките коли

Google е длабоко поврзан со сервисот за ангажирање на возачи Uber и инвестираше околу 250 милиони долари, но по нивниот голем успех планира да им го превземе бизнисот со алтернативен такси превоз каде ќе бидат вклучени и футуристичките автомобили кои сами се управуваат.
 
 
Google има и свој член во одборот на директори на Uber Дејвид Драмонд кој ја известил компанијата за нивниот план за нова апликација за повикување на возач и најверојатно ќе поднесе оставка. Раководството на Uber е загрижено од постапката на Google но, веруваат дека нивната апликација е поквалитетна и веќе етаблирана кај корисниците.
 
 
Предност на Google секако е можноста да се возите во еден од уникатните самопуправувачки автомобили. Проектот секако, се уште е во почетна фаза и ќе треба да почекаме уште неколку години додека Google Car не се покаже како целосно функционален и безбеден автомобил.
Автор: Aleksandar Stankov