Внимавајте, порно вируси растураат на Facebook !!!

Објавено на 04.02.2015 во Новости



Внимавајте, порно вируси растураат на Facebook !!!

Доколку го разгледате полето со информации на Facebook ќе забележите многу објави од вашите пријатели на кои има закачено секси видео или слика со статус и вие да проверите што е толку смешно или интересно, но треба да знаете дека 100% станува збор за опасен вирус кој се шири непречено. 
 
 
Корисниците најчесто и не се свесни дека нивниот профил е заразен и дека без нивно знаење во овие порнографски постови се тагнуваат и нивните пријатели. Хакерските напади се извршени со пласирање на порно видео кое активира штетен софтвер преку Flash Player откако ќе почнете да ја гледате содржината.
 
Наш совет е доколку сакате да гледате порно видеа имате доволен број на еротски сајтови со бесплатни содржини и нема потреба да се брукате на Facebook, како и да го заразите компјутерот со вирус и да ги ставите во ризик и вашите пријатели.