Xiaomi излегува на берза - Вреди 46 милијарди долари

Објавено на 07.02.2015 во Новости



Xiaomi излегува на берза - Вреди 46 милијарди долари

Xiaomi еден од најуспешните кинески стартапи најверојатно се подготвува да излезе на берза со јавно портфолио на акции кои имаат потенцијал да достигнат вредност од 46 милијарди долари иако финасиските експерти проценуваат дека рекордот на Alibaba нема да биде надминат.
 
 
Xiaomi има огромен раст на продажбата на смартфони на околу 65 милиони уреди во 2014 година со шанси позитивниот тренд да продолжи и оваа година особено по најавата на евтиниот Xiaomi Redmi 2 и премиум смартфоните Xiaomi Mi Note и Xiaomi Mi Note Pro. 
 
 
Се проценува дека Xiaomi ќе излезе на Њујоршката берза, но доколку берзата во Хонг Конг понуди подобри услови тогаш таму ќе падне изборот. Основачот на компанијата и извршен директор Леи Јун има 70% од вкупниот износ на акции на Xiaomi.
 
 
Раководството на компанијата на 12-ти февруари ќе одржи прес настан во Сан Франциско каде се очекува да го најави стартот на влезот на американскиот пазар.