За ХИВ и Трипер ќе се тестираме преку смартфон

Објавено на 09.02.2015 во Новости



За ХИВ и Трипер ќе се тестираме преку смартфон

Истражувачи од Универзитетот Колумбија креира нов апарат за тестирање на сексуално преносливи болести кој чини само 35 долари и резултатите може веднаш да се добијат преку апликација за Android или iPhone.
 
 
Идејата за проектот е да може во секое време да се тестирате за ХИВ/СИДА, Гонореја, Сифилис и други сексуално преносливи болести бидејќи уредот може да го користит и во домашни услови. 

Сепак, визијата е тест уредот да им помогне на докторите полесно, поевтино и побрзо да ги вршат тестовите за венерични болести во критичните региони како Африка каде немаат пристап до целосна медицинска опрема и на тој начин да се спречи големата епидемија на ХИВ вирусот.