Windows 10 доаѓа и за евтините смартфони

Објавено на 09.02.2015 во Новости



Windows 10 доаѓа и за евтините смартфони

Џо Белфиори шефот на Microsoft задолжен за оперативниот систем Windows соопшти дека најновата верзија ќе биде достапна и за корисниците на постарите модели на смартфони кои имаат RAM меморија од само 512 MB. 
 
 
Белфиори исто така потенцираше дека постои можност надградбата со Windows 10 да не биде целосна со вклучување на сите најавени новитети, но тоа ќе зависи од самиот потенцијал на смартфонот.
 
 
Во оваа категорија има голем број на уреди со оглед на тоа што Nokia Lumia 520 како еден од најуспешните се продаде во огромен број, па затоа подршката за Windows 10 е одлична вест.
 
 
Надградбата со Windows 10 ја очекуваме кон крајот на февруари кога ќе биде пуштена првата пробна верзија која регистрираните корисници ќе може да ја тестираат, а конечната надградба ќе пристигне летово.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: