Официјално Sony Xperia E4 - Нешто поинакво

Објавено на 11.02.2015 во Новости



Официјално Sony Xperia E4 - Нешто поинакво

Sony излезе од зимскиот со нов смартфон по долго време но, не во премиум класата која е резервирана за подоцна во годината, туку со нов мобилен во основната класа преку четвртата генерација на Sony Xperia E4.
 
 
Во овој момент Sony Xperia E4 повеќе нема многу допирни точки со претходниците бидејќи доаѓа со нов MediaTek процесор со четири-јадра од 1.3 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија, microSD мемориска картичка, 5 мегапикселна главна камера, како и можност за работа со две SIM картички.
 
 
Sony Xperia E4 се разликува и со дизајнот кој ги нема истите остри „дијамантски“ линии од претходните модели со позаоблени рабови. Смартфонот има 5 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од само 540 х 960 пиксели што е и најголемиот недостаток. 
 
 
Кон крајот на овој месец Sony Xperia E4 ќе влезе во продажба по цена која не би требало да надмине 300 долари, а најaвена е и брза надградба на оперативниот систем со Android 5.0 Lollipop.