Навигаторот на Michelin е супер прецизен и бесплатен
Објавено на 12.02.2015 во Новости
Michelin неодамна ја претстави новата верзија на апликацијата Navigator and Traffic која сега е подобрена со нови совети за возачите со алармирање за опасните зони, воведено е предупредување за брзината, а на располагање ви се и информации во реално време за состојбите на патиштата.
Апликацијата Michelin Navigator нуди и детален приказ на мапи, предлози за најдобра и најефикасна рута, преглед на подржани хотели и ресторани од Michelin, едноставна гласовна навигација која нема да ви пречи во возењето, како и најпрецизна искористеност на GPS локаторот без никакви пречки и грешки во информациите.
Michelin посакува апликацијата да биде збогатена од секој корисник со споделување на информации за патиштата како на пример блокади, сообраќајни несреќи, временски неприлики и други пречки кои може да ве забават или пак да ве загрозат додека патувате.
Michelin Navigator and Traffic е бесплатна за инсталирање и користење за европјаните за платформата на Android преку Google Play Store и за iOs која може да се најде во Apple App Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.