Nokia HERE мапите се подобри, еве што е ново

Објавено на 13.02.2015 во Новости



Nokia HERE мапите се подобри, еве што е ново

Nokia продолжува во силен ритам со постојано подобрување на HERE Maps мапите со нови верзии и нови функции за своите корисници, со што се поизвесно е дека ќе станат сериозна закана за Android апликацијата Google Maps. 
 
 
HERE Maps доби уште една надградба во која се воведени повеќе подобрувања при онлајн навигацијата со гласовни команди, нови и подетални информации за сообраќајот и отстранување на одредени грешки и багови од претходните верзии.
 
 
HERE Maps сега нудат и дополнителни информации за сите езера, реки и извори на мапите кои се многу корисни. Предноста на HERE Maps е што може апликацијата да ја користите и офлајн со симнување на мапите за посакуваната локација и добивате навигација чекор по чекор со голема прецизност.