Деца во наследство ви го оставам профилот на Facebook

Објавено на 13.02.2015 во Новости



Деца во наследство ви го оставам профилот на Facebook

Facebook воведе нова опција со која ќе може да одберете личност која ќе го одржува вашиот профил откако ќе починете, а со тоа ќе останат сите спомени и споделени информации за вас. Идејата на Facebook е да им овозможи на членовите и на семејството да го одржат профилот на починатиот како спомен, без притоа да додаваат нови содржини.
 
Legacy Contact_Choose
 
Во вашето дигитално наследство ќе останат сите слики и содржини кои потоа ќе може да биде превземени. Од друга страна пак, може и да побарате Facebook целосно да го избрише профилот по вашата смрт. 
 
Legacy Contact_Message
 
Опцијата за наследство на Facebook профилот ќе ја најдете во главното мени Security каде може да одберете кое лице ќе има пристап. Профилите на починатите лица ќе бидат обележени со зборот „Во сеќање“ над нивното име. 
 
Legacy Contact_Data
 
Што мислите за овој новитет на Facebook и дали имате личност од доверба на која би и го препуштиле профилот откако ќе заминете од овој свет.
Автор: Aleksandar Stankov