Проблеми го мачат Windows 10
Објавено на 15.02.2015 во Новости
Џо Белфиори шефот на Microsoft задолжен за оперативниот систем на Twitter објасни зошто првата тест верзија на Windows 10 не е достапна за поголем број на смартфони од Lumia серијата, а причината лежи во повеќе проблеми со системот кои ќе се решаваат во наредниот период.
Досега Windows 10 е достапен само за Lumia смартфоните од средната класа, но наскоро ќе биде пуштен и за премиум моделите како Nokia Lumia 930 и Lumia 1520, но се уште нема никакви информации дали надградбата ќе пристигне и кај HTC One Windows и Samsung Ativ смартфоните кои исто така заслужуваат шанса да го добијат новиот софтвер.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.