Samsung Galaxy Tab S II серијата помоќна од било кога

Објавено на 16.02.2015 во Новости



Samsung Galaxy Tab S II серијата помоќна од било кога

Samsung Mobile и оваа година ќе продолжи со циклусот на обновување на постојните серии на таблети и смартфони, но ќе се фокусира само на поквалитетните како што беше случај со таблетите Galaxy Tab S.
 
 
Во втората половина на 2015-та не очекуваат два нови модели на Galaxy Tab S со 8.4 инчен и 10.5 инчен дисплеј со Super AMOLED технологија и 2K HD резолуција, како и употреба на новиот осум-јадрен Exynos 7420 процесор. 
 
 
Galaxy Tab S II серијата ќе има и подобрувања во дизајнот, интерфејсот и апликациите, како и подобра батерија и камера, но повеќе детали ќе бидат познати во наредниот период, затоа бидете трпеливи.