Samsung Galaxy S6 загрижува со слабата батерија

Објавено на 17.02.2015 во Новости



Samsung Galaxy S6 загрижува со слабата батерија

Samsung Mobile планира новиот премиум смартфон Galaxy S6 да биде што е можно потенок со што постои можност да се компромитира капацитетот на батеријата за која сега се претпоставува дека ќе располага само со 2600 mAh.
 
Малиот капацитет треба да биде надоместен со новиот осум-јадрен Exynos 7420 процесор кој ќе биде изработен со најефикасниот 14 нанометарски процес и ќе биде енергетски ефикасен, како и со примена на Super AMOLED дисплеј кој ќе ја штеди батеријата.
 
Сепак, со само 2600 mAh не очекуваме Samsung Galaxy S6 да работи повеќе од 10 активни часа што може да биде еден од најголемите недостатоци на скапиот смартфон, но ќе почекаме до 1-ви март за да видиме дали оваа претпоставка ќе се покаже точна.