Sony ќе им каже чао на телефоните

Објавено на 19.02.2015 во Новости



Sony ќе им каже чао на телефоните

Sony Mobile е најпроблематичната единица во огромната јапонска корпорација која бележи најмал профит, па дури и се очекуваат загуби во наредниот период што ќе го натера Sony да размислува за излезна стратегија.
 
 
Казуо Хираи претседателот на Sony изјави дека во наредниот период мора да се насочи кон генерирање на профит и инвестиции од растот, па затоа ќе бидат лансирани помал број на смартфони, додека пак во фокусот ќе бидат ставени камерите и серијата на гејмерски конзоли PlayStation.
 
 
Исто така постои можност Sony да создаде спиноф бренд од Xperia смартфоните или пак целосно да ја продаде франшизата на надворешен партнер. Sony Mobile пред само две години изгледаше дека е на добар пат со првиот водоотпорен премиум смартфон Sony Xperia Z, но силниот настап на Samsung и Apple, како и огромната конкуренција во евтината понуда им го намали пазарниот успех.