Со батериите на Илон Маск секогаш ќе имаме струја

Објавено на 20.02.2015 во Новости



Со батериите на Илон Маск секогаш ќе имаме струја

Илон Мaск најави нов интересен проект за производство на батерии за домашна употреба кои ќе го складираат вишокот на енергија од фотоволтаичните соларни панели и ќе може да ги користите за напојување на електричната мрежа во моменти кога ќе снема струја или пак кога има скапа тарифа.
 
 
Зад проектот стојат Tesla Motors главната компанија на Илон Маск и SolarCity посебна компанија на иноваторот која работи токму на соларни панели. Целта е во наредните неколку месеци да започне производството во новата гигафабрика која се гради во Невада, за до 2016-та првите батерии да се најдат во домовите во Калифорнија.
 
 
Комбинацијата на овие два извори на енергија може да бидат многу корисни и за земја како Македонија која огромен број на сончеви денови и сите неискористени енергетски капацитети наместо да одат во празно ќе се пренаменат во струја. Цената и пласманот на