Claxi ќе ви најде такси превоз во градската џунлга

Објавено на 20.02.2015 во Македонски апликации



Claxi ќе ви најде такси превоз во градската џунлга

Пристигна финалната верзија на апликацијата Claxi која служи за брзо повикување на такси. На големо барање на патниците и возачите Claxi е во постојан раст и се шири. Засега услугите на Claxi апликација можат да ги користат патниците и возачите од Скопје, Куманово и Битола, a наскоро се очекува и присуство низ целата територија на Македонија.

Claxi - Click for Taxi - screenshot

Финалната верзија на Claxi нуди многубројни поволности со кои ви се олеснува секојдневното повикување со такси. Со оваа апликација можете да повикате такси без јавување, а истовремено може да ги прегледате сите понуди од целата такси мрежа. Claxi ви овозможува сами да го одберете вашето такси според понуда на цена, квалитет и време на пристигнување.

Claxi - Click for Taxi - screenshot

Тимот на оваа популарна македонска апликација ни пренесува дека постојано работи на подобрување на Claxi со воведување на нови поволности и начини како да ги задоволи своите корисници. Токму поради тоа, отсега патниците ќе можат да остварат директна телефонска комуникација со возачите, со цел технолошко усовршување на комуникацијата помеѓу патникот и возачот.

Claxi - Click for Taxi - screenshot

Оваа супер корисна апликација можете да ја симнете бесплатно за Android од Google Play.