За прв пат Apple ќе дозволи јавно тестирање на iOs 8.3

Објавено на 21.02.2015 во Новости



За прв пат Apple ќе дозволи јавно тестирање на iOs 8.3

Apple со следната надградба на оперативниот систем iOs 8.3 ќе направи преседан во својата политика и ќе дозволи сите корисници да ја тестираат бета верзијата на софтверот пред тој и официјално да биде пуштен во употреба.
 
 
Токму поради големиот број на критики за претходните верзии кои беа полни со грешки Apple ќе дозволи јавноста да го даде својот суд за iOs 8.3 и на тој начин полесно ќе се најдат сите недостатоци кои ќе може навреме да бидат отстранети од официјалната верзија. 
 
 
Сите заинтересирани ајфонџии во март ќе може да ја искористат програмата AppleSeed. iOs 8.3 треба да донесе неколку новитети како поврзан софтвер за автомобили Apple CarPlay, нови емотикони и стикери за апликацијата за пораки, нови функции на Siri и уште многу други подобрувања во перформансите.




Прочитајте повеќе: