Одличен концепт за iPhone 6c со живописни бои

Објавено на 23.02.2015 во Новости



Одличен концепт за iPhone 6c со живописни бои

Apple не се прослави премногу со „евтиниот“ iPhone 5c кој беше еден од ретките пластични модели и беше наменет пред се за помладите генерации, но не доби продолжение во минатата година. Откако се почесто излегуваат информации за нов пластичен смартфон на Apple произлегоа и првите концепти за iPhone 6c кои изгледаат многу привлечно.
 
 
Поучени од минатото може да кажеме дека фановите на Apple не се „палат“ на евтини модели и 100 долари помалку не им значат ништо, бидејќи сите се насочуваат кон купување на премиум моделот кој има поквалитетен дизајн и врвни перформанси.
 
 
Затоа Apple може да го промени концептот за iPhone 6c при што ќе ги задржи премиум материјалите на градба, но ќе понуди различен избор на бои на маската кои ќе се издвојат од главната понуда, а притоа нема да бидат направени големи компромиси во функциите. Концептот од 3D Fututure покажува дека оваа идеја може да се реализира, па сега на потег е Apple.




Прочитајте повеќе: