Wi-Fi дронови ќе ја следат нашата локација

Објавено на 24.02.2015 во Новости



Wi-Fi дронови ќе ја следат нашата локација

Комерцијалните дронови стануваат се потрактивни за користење но, освен за креативни и корисни цели започнуваат и првите знаци на злоупотреби. Најнова дилема предизвикува компанијата Adnear која ќе користи дронови за скенирање на Wi-Fi сигналите и на тој начин ќе може да ги следи корисниците.
 
 
Целта на Adnear е да ги искористи Wi-Fi дроновите за подобар пласман на реклами преку скенирање на MAC адресата при логирање на корисниците во мрежата. Смрити Катариа од Adnear објаснува со следење на движењето на корисникот, на пример кога ќе помине покрај кафе бар или продавница во тој момент ќе добие реклама со одредена понуда.
 
 
Adnear ја смирува јавноста со порака дека следењето преку Wi-Fi дроновите нема да се однесува на лична комуникација и приватните податоци ќе бидат заштитени, туку само се скенира локацијата, јачината на сигналот и френкфенцијата. Сепак, ќе ни треба повеќе време да се навикнеме на фактот дека дронови ќе летаат над нашите глави, ќе ги скенираат нашите уреди и ќе не лоцираат.