SYMLIS за смартфон e USB, полнач и мемориски стик во едно

Објавено на 24.02.2015 во Додатоци



SYMLIS за смартфон e USB, полнач и мемориски стик во едно

SYMLIS Sparrow е нов екстра додаток за iPhone и Android кој нуди три решенија за мобилни конекции во едно, односно нуди USB кабел за поврзување со компјутер, а истовремено може да се користи и за полнење на смартфонот.
 
 
Третата функција на SYMLIS Sparrow е резервна USB меморија, односно стикот доаѓа со 16, 32 или 64 GB кои може да ги користите како надворешен мемориски уред и податоците може директно да ги користите на смартфонот или пак, да го употребите за бекап и складирање на фајлови.
 
 
SYMLIS Sparrow се води како проект со јавно финансирање на Indiegogo и има рок до 28 март да собере 20 илјади долари. Подржувачите и идните корисници на SYMLIS Sparrow може да вложат пари или пак да си порачаат стикче за iPhone или Аndroid, а основниот модел ќе ги чини 35 долари, што носи 20% попуст од планираната цена. SYMLIS Sparrow ќе биде готов за испорака во октомври.