Изненадување, Windows сега е најбезбеден систем

Објавено на 25.02.2015 во Новости



Изненадување, Windows сега е најбезбеден систем

Windows долги години беше критикуван како еден од најранливите оперативни системи додека пак Linux ги добиваше сите пофалби за отпорност од напади и стабилност, а OS X на Apple беше оценет како целосно отпорен на вируси, но најновите податоци на National Vulnerability Database го покажуваат сосема спротивното.
 
 
Според NVD во 2014-та најбезбеден, односно систем со најмал број на слабости е Windows RT верзијата за таблети со само 22 грешки од висок ризик, додека пак најранлив е Mac OS X со дури 64 потенцијални високо ризични опасности. Linux е на третото место зад iOs со 24 пронајдени грешки, додека пак Windows 8.1 е најбезбеден десктоп систем, заедно со Windows Vista. Оваа анализа е направена врз база на пријавените и откриените слабости од NVD.