Apple ја спаси батеријата на iWatch

Објавено на 02.03.2015 во Новости



Apple ја спаси батеријата на iWatch

Apple Watch е целосно нов продукт на компанијата од Купертино која долго време не лансирала нешто ризично, па со извештаите дека батеријата на смарт часовникот трае само еден ден се појавија и првите знаци на загриженост од можен неуспех. Затоа Apple нема да чека премногу и веќе е во план лансирање на специјална софтверска алатка која ќе ја штеди батеријата.
 
 
Се работи за додатокот Power Reserve кој на корисниците на Apple Watch ќе им даде неколку часа плус работа во ограничен режим со приказ само на датумот и времето, се додека не го приклучите повторно на полнач, а во меѓувреме ќе може да проверите и некое известување. Apple Watch се очекува на 9-ти март да биде целосно прикажан, кога ќе биде објавен и стартот на продажбата, цената и официјалните спецификации.