Sony Xperia M4 Aqua лансиран во Европа со пониска цена

Објавено на 04.03.2015 во Новости



Sony Xperia M4 Aqua лансиран во Европа со пониска цена

Sony Xperia M4 Aqua е новиот водоотпорен смартфон на Sony Mobile во средната класа кој откако беше претставен на MWC ја започнува продажбата во Европа и цената ќе биде нешто пониска од очекуваното, односно ќе може да се купи за 250 евра.
 
 
Sony Xperia M4 Aqua освен со IP68 сертификатот кој спречува оштетувања од вода и прашина, може да се пофали и со 5 инчен HD дисплеј со резолуција од 720 х 1280 пиксели, тенко тело од 7.3 милиметри, како и стакло отпорно на гребнатинки.
 
 
Хардверот на Sony Xperia M4 Aqua е обновен со осум-јадрен 64 битен Qualcomm Snapdragon 615 процесор со 1.7 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, microSD картичка со дополнување од 32 GB, 13 мегапикселна камера, 4G LTE кенекција и батерија со капацитет од 2400 mAh. Софтверот исто така е составен од најновата верзија на Android 5.0 Lollipop и Xperia интерфејсот.