Waze ќе ја има на секој Android смартфон

Објавено на 04.03.2015 во Новости



Waze ќе ја има на секој Android смартфон

Google ја додаде апликацијата Waze во својот стандарден и веќе огромен пакет на сервиси кои ќе може да ги користат сите брендови како дел од прединсталираниот софтвер на Android уредите. 
 
 
Практично Waze го добива истиот статус како Google Maps, Gmail и YouTube, без оглед што се погласни се критиките за т.н. bloatware односно софтвер кој мора да биде присутен на вашиот смартфон и не може да го избришете доколку не го користите.
 
Но, да не бидеме премногу негативни бидејќи Waze е одлична апликација за информации во сообраќајот кои ги обезбедуваат самите корисници во реално време, па така веднаш ќе дознаете дали на рутата на која сте се упатиле има метеж и кочење поради сообраќајна несреќа, блокади, па дури и присуство на патроли на сообраќајната полиција.