Со виртуелен Sony PlayStation ќе играме догодина

Објавено на 05.03.2015 во Новости



Со виртуелен Sony PlayStation ќе играме догодина

Sony се уште го држи во голема тајност проектот за виртуелна реалност Project Morpheus кој ќе биде применет во гејмерската платформа PlayStation, а првите демо игри имаа можност да ги проверат само мал дел на избрани гејмери. Но, пристигнуваат добри вести од Земјата на изгрејсонцето, бидејќи веќе е објавен планот за пласман на виртуелен PlayStation и целосно заокружување на проектот во 2016-та година.
 
 
Sony објави дека гејмерите ќе имаат можност целосно да влезат во светот на видео игрите и да бидат пренесени во виртуелната реалност. Виртуелниот PlayStation ќе донесе сосема нов начин на играње, со нов вид на интеракција, внес на команди и прогрес во самата игра.

За исполнување на ова ветување PlayStation треба да добие многу помоќен хардвер и очилата и хедсетот за виртуелна реалност ќе се издигне над денешните технички ограничувања, слично како проектите на Oculus, Microsoft и Google. Секако, потребно е и големо вложување на студијата за изработка на видео игри кои ќе мора да го усовршат софтверот и да ги искористат сите можности за виртуелни игри на PlayStation.