Откриени сите промени во iOS 8.2 - Еве што сработи Apple

Објавено на 06.03.2015 во Новости



Откриени сите промени во iOS 8.2 - Еве што сработи Apple

 
Apple за прв пат овозможи јавно тестирање на новата надградба на оперативниот систем iOS 8.2 за конечно да бидат откриени сите недостатоци и грешки и да се најде соодветно решение, токму со помош на самата заедница на корисници на iPhone и по се изгледа дека стратегијата вроди со плод, па во официјалната листа на промени наведени се многу корисни новитети.
 
 
Прво се споменува подобрување на апликацијата HealthKit со која Apple требаше да им овозможi на своите корисници да водат здрав живот и да ги следат своите физички активноси, но резултатите не беа константни. Потоа решен е и проблемот со поместување на часовникот кој ја одредува временската зона при секој нов настан. 
 
Еден од најголемите проблеми на корисниците беше и Bluetooth конекцијата со надворешни уреди и тоа е целосно решено. Исто така најголем број на забелешки, над 1900 имаше и за Wi-Fi конекцијата, но дали има промени во овој дел не е наведено во листата, но бидејќи се погодени огромен број на корисници можеби е применето „тивко“ решение или пак проблемот е оставен за наредната надградба. 
 
Тоа се најважните промени покрај стандардните подобрување на перформансите кои популарно се нарекуваат како поправки „под хаубата“ па за преодна оценка ќе треба да видиме најпрво како ќе функционира iOS 8.2 откако ќе пристигне кај Apple уредите во текот на наредната недела.




Прочитајте повеќе: