Лоши вести - Sony ја прекина Android подршката за многу смартфони

Објавено на 07.03.2015 во Новости



Лоши вести - Sony ја прекина Android подршката за многу смартфони

Sony Mobile соопшти навистина лоши вести со прекинувањето на подршката за сите смартфони од средната и основната класа кои не се дел од Xperia Z серијата, што значи дека нема да ја добијат очекуваната надградба со оперативниот систем Android 5.0 Lollipop.
 
 
Во изминатите две години видовме навистина солидни Sony смартфони, како Xperia E3, Xperia M2, Xperia M2 Aqua, Xperia T2 Ultra, Xperia T3 и Xperia C3, но за жал сите ќе останат заглавени со старата верзија на Android 4.4 KitKat и нема да добијат нови софтверки подобрувања.